Циклон кабините  се уреди  каде  што се  врши електростатско нанесување на прашкаста боја на предметот што се третира. Како  составен дел на секоја кабина има и  соодветен  циклон кој врши  високоефективно  отпрашување, и филтер единица составена од специјални антистатик филтри.       Задачата  на  секоја  кабина  е  да  овозможи рационално користење на бојата, без губитоци и загадување на човековата околина, односно  вишокот  на боја која  не  се  задржала на предметот што се третира (околу 40%), го доведе до циклонот и филтер еди ницата каде се врши негово собирање. Овие кабини се високо ефективни и имаат искористување на бојата од 99%, која со просејување се враќа назад на повторна употреба.
ЦИКЛОН КАБИНИ ЗА РАЧНО И АВТОМАТСКО ЕЛЕКТРОСТАТСКО БОЈАДИСУВАЊЕ
Соодветната вентилација  (5000 m3/h - 13000 m3/h) гарантира работа  без заштитна облека  и без заштитна маска. Протокот на вентилаторите се регулира со соодветен регулатор на бројот на вртежи. Циклон кабините може да бидат изведени како затворени или  проточни.  Опремени се со соодветно осветлување, а по потреба може да се вгради и електророти - рачки носач со регулација на бројот на вртежи, што е посебно погодно за фарбање на ротирачки елементи (столови, масички ...).
Филтер единицата е составена од 6 антистатик филтри со  димензии  од  ф250 х 1800 mm, до ф300 х 2000 mm.  Овие специјални филтри се со коефициент на отпрашување од 99,9%.
Кабините се изработуваат во сите димензии и форми, во зависност од потребите и можностите. Како основни димензии се следните:     - K-2 (2000x1800x900 mm)     - K-3 (2500x2000x900 mm)     - K4 (3000x2200x1200 mm)     - Дуплекс кабина со две работни места (4000x2200x1200 mm)     - K-22 (кабина за фарбање во 2 бои - 2000x1800x900 mm)
 Овој тип на циклон кабини  се  употребува за фарбање на поголеми серии.  Отпрашувањето во овие кабини се решава со  два или  повеќе  циклони,  и  исто толку филтер единици, така  да  коефициентот  на  искористување се движи до 99%. Обично  се  изработуваат  со  четири  работни места, од кои две работни места се наменети за роботи со соодветен број на  пиштоли,  и  две  работни  места  се  наменети  за  рачно корегирање на нанесениот слој. Конструирани  се  во комбинација  од челични профили инокс елементи и антистатички материјали, кои овозможу- ваат брзо и лесно чистење и спречува лепење на честички прав на внатрешноста на самата кабина.
Проточни кабини за работа со рачни или автоматски електростатски уреди - роботи
Дома Производи Галерија Контакт
Термостил ДООЕЛ 2314, Блатец, Виница Р. Македонија тел. +389 (0)71 331 066
Термостил ДООЕЛ Блатец, Виница  Македонија Цевни радијатори Професионални CNC машини Циклон кабини за електростатско бојадисување Кабини за лакирање со водена завеса