ПРОФЕСИОНАЛНИ CNC МАШИНИ
Дома Производи Галерија Контакт
Термостил ДООЕЛ 2314, Блатец, Виница Р. Македонија тел. +389 (0)71 331 066
Термостил ДООЕЛ Блатец, Виница  Македонија
        ЦНЦ - Компјутерски управувана машина, е машина која користи компјутерска контрола за да изврши некоја операција - бушење, сечење, глодање, заварување, гравирање и.т.н. Упатсвата за работа на машината се внесуваат во нумерички облик коj ги дефинира позицијата, брзината на празен од на самата машина, насоката како и брзината на операцијата.
1.Предности          - Главни предности на ЦНЦ  машините во споредба со традиционалните машини се:      - автоматската операција, и      - прилагодливост. Автоматска операција значи дека човекот е  непотребeн при работа, а прилагодливоста е од големо значење бидејки една машина може да се користи за производство на разни делови со едноставно менување на програмите. Процесот на работа е целосно дефиниран математички.
2.Подготовка     Процесот почнува со дефинирање на обликот на предметот за изработка - математичка дефиниција или технички цртеж на компјутер. ЦНЦ програмерот  користи математичка дефиниција за да го  одреди редоследот на  операции и алати што се потребни за да се изведе процесот за изработка на предметот. Програмерот исто мора да ги дефинира и брзините за движење на самата машина.
Цевни радијатори Професионални CNC машини
®
Циклон кабини за електростатско бојадисување Кабини за лакирање со водена завеса
      Од ЦНЦ машините се бара прецизно  позиционирање на алатот во однос на објектот што се обработува, а прецизноста се мери во десети или стоти делови од милиметарот. За да се постигне вакво прецизно позиционирање, нашите цнц машини се придвижувани од чекорни или серво мотори со кои е можно прецизно позиционирање на роторот во однос на статорот. Понатаму за да ротацијата на моторот ја претвориме во транслаторно движење, користиме повеке типови на пренос во зависност од потребите - пренос со запчаници, пренос со навојни вретена, пренос со назабени ремени или комбинации од сите видови на пренос. Врската на компјутерот за управување на машината со моторите се обезбедува со соодветна елктроника.
3. Работа на машината
by Termostil team