КАБИНА ЗА ЛАКИРАЊЕ СО ВОДЕНА ЗАВЕСА
      Кабините за лакирање со водена завеса се наменети за фарбање со течна боја каде се присутни и испарувања  на разредувачи. Најповеќе се користи во дрвната, а може да се користи  и во металната индустрија. Се изработуваат во повеќе  димензии - стандардни или по желба или потреба на  корисникот. Составени се од неколку сегменти:          1. Работен простор (каде се извршува фарбањето)                 2. Сув филтер за течната боја                3. Водена завеса која го прифаќа вишокот на боја                 4. Воден филтер со таложници каде се сепарира вишокот на боја                 5. Вентилаторска единица со соодветен проток и подпритисок                 6. Пумпа за рециркулација на водата од таложницит
      Работната површина на кабината е подигната во однос на подот во соодветниот простор, така што операторот нема потреба да е на исто ниво со површината што е предмет на третирање, а со тоа се спречува разнесување на вишокот на боја по производниот простор.         Соодветниот проток и пад на притисокот на вентилаторската единица обезбедува работа на операторот без заштитна маска. Кабината е опремена и со соодветно вртливо столче за ротација на предметот што се третира, и со самото тоа обезбедува подеднакво фарбање на сите страни во еден потег.
by Termostil team
Дома Производи Галерија Контакт
Термостил ДООЕЛ 2314, Блатец, Виница Р. Македонија тел. +389 (0)71 331 066
Термостил ДООЕЛ Блатец, Виница  Македонија Цевни радијатори Професионални CNC машини Кабини за лакирање со водена завеса
®
Циклон кабини за електростатско бојадисување