RETRO

CLICK HERE

CLICK HERE

Slideshow

ЕЛЕКТРОСТАТСКО ПРАШКАСТО ФАРБАЊЕ

Електростатско прашкасто фарбање е индустриска техника за нанесување декоративен и заштитен слој на метални површини, користејќи фино прашкаста боја и електростатска енергија. Процесот е ефикасен, еколошки и овозможува долготрајна заштита на производите.

  • Подготовка на површината

Деловите се чистат со пескарење, или со хемиско третирање, за да се отстранат површинските слоеви од  р'ѓа, маснотии, оксиди и слично.

Овој чекор е клучен за добра адхезија на бојата.

  • Нанесување на прашкастата боја

Се користи пиштол за електростатско фарбање, кој ја наелектризирува прашкастата боја.

Бојата се распрснува кон металната површина, која е заземјена, така што честичките од бојата се прилепуваат рамномерно на металниот предмет поради електростатска привлечност.

  • Печење (термичка обработка)

Обоените детали се внесуваат во печка на температура од 160–200°C. (во зависност од типот на бојата)

Прашокот се топи, се полимеризира и формира цврст, хомоген слој.

Како функционира процесот?

Примена

  • Машинска индустрија

Заштита на машински делови од корозија

Куќишта за машини, алати и опрема

Индустриски панели и столбови

  • Автомобилска индустрија

Бандажи (фелни)

Рамки, носачи, делови од шасија

Издувни системи, решетки, држачи на батерии

  • Градежна и архитектонска индустрија

Метални конструкции, решетки, огради, капии

Фасадни панели, алуминиумски профили и столарија

Врати, прозорци, скалила, кровни конструкции

by Termostil team