ЦНЦ ВИТКАЊЕ

ЦНЦ виткањето е процес на прецизно обликување на метални лимови со помош на компјутерски управувани машини. Овој метод е широко применет во идустриите како што се автомобилската, градежната, електрониката, индустријата за производство за мебел и во други области каде што се бараат точни и повторливи форми.

  •       Како функционира процесот?

    • Програмирање на машината

    Се користи CAD/CAM софтвер за дизајнирање на деловите, по што се генерира G-код кој ја води машината при виткањето.

    • Подготовка на алатите

    Се избираат соодветни алати – панч и матрица – во зависност од дебелината и видот на материјалот, како и од потребниот агол на виткање.

    • Поставување на материјалот

    Металниот лим се позиционира на работната маса, при што задните граничници (back gauge) ја дефинираат точната линија

    • Извршување на виткањето

    Машината ја придвижува горната алатка  врз лимотшто се обработува со силата која е дефинирана од програмотво зависност од дебелината, должината и типот на материјалот, притискајки го во долната алатка, со што се добива саканиот агол на виткање.

  •        Примена на ЦНЦ виткањето:

    • Машинска и метална индустрија

    Производство на куќишта за машини, шасија, рамки и држачи.

    • Автомобилска индустрија

    Виткање на лимови за каросерии, врати, капаци и издувни системи.

    Делови за носачи на мотори, внатрешни компоненти, потпирачи и др.

    • Градежна индустрија

    Производство на метални профили, носачи, фасадни панели и кровни конструкции.

    Виткани лимови за скалила, огради, монтажни конструкции и сл.

    • Електроника и енергетика

    Изработка на електро-куќишта, ормари, панели, носачи за кабли.

    Монтажни решенија за соларни панели и електроинсталации.

    • Мебел и ентериер

    Метални рамки за мебел (столици, маси, полици).

    Декоративни метални елементи, решетки и облоги.

    • Производство на апарати и бела  техника

    Метални делови за фрижидери, машини за перење, клима уреди и друго.

Предности на ЦНЦ виткањето:

ВИСОКА ПРЕЦИЗНОСТ

И ПОВТОРЛИВОСТ

Компјутерската контрола овозможува точни и повторливи резултати

БРЗИНА И ЕФИКАСНОСТ

Брзо извршување на сложени операции со минимална потреба за прилагодување.

ФЛЕКСИБИЛНОСТ И

ЕКОНОМИЧНОСТ

Можност за изработка на различни форми и агли без потреба од промена на алатите.

by Termostil team