ПЛАЗМА СЕЧЕЊЕ НА МЕТАЛИ

     Плазма сечењето користи плазма гас, загреан на 25 000 степени, што го топи металот во одредена точка и со помош на  инертни гасови под висок притисок го издувува стопениот метал. На овој начин  може да се сече челик, алуминиум, бакар и други електроспроводливи материјали.

Овој процес се широко распространет поради неговата брзина, прецизност  и ефикасност.

         Како функционира процесот?

  • Компримираниот гас (азот, аргон или само компримиран воздух) се насочува низ млазницата
  • Електричниот лак кој се формира помеѓу електродата и материјалот го претвора гасот во плазма.
  • Жешкиот плазма зрак топи дел од металот,а гасот со висок притисок го издувува стопениот материјал
  • Резултатот е чист пресек со минимална деформација
 Примена на плазма сечењето Автомобилската и градежната индустрија Особена примена во машинската индустрија кај делови кои се наменети за понатамошна обработка со други машински операции - стругање, глодање, заварување и слично Изработка на декоративни огради и.т.н

        Предности на плазма сечењето

  • Брзо сечење дури и кај подебели материјали
  • Поекономично сечење во однос на ласерското сечење,особено кај подебелите лимови
  • Работи кај различни видови на метали
by Termostil team