ЕЛЕКТРОСТАТСКО ПРАШКАСТО ФАРБАЊЕ
Електростатско прашкасто фарбање е индустриска техника за нанесување декоративен и заштитен слој на метални површини, користејќи фино прашкаста боја и електростатска енергија. Процесот е ефикасен, еколошки и овозможува долготрајна заштита на производите.
Како функционира процесот?
Деловите се чистат со пескарење, или со хемиско третирање, за да се отстранат површинските слоеви од р'ѓа, маснотии, оксиди и слично.
Овој чекор е клучен за добра адхезија на бојата.
Се користи пиштол за електростатско фарбање, кој ја наелектризирува прашкастата боја.
Бојата се распрснува кон металната површина, која е заземјена, така што честичките од бојата се прилепуваат рамномерно на металниот предмет поради електростатска привлечност.
Обоените детали се внесуваат во печка на температура од 160–200°C. (во зависност од типот на бојата)
Прашокот се топи, се полимеризира и формира цврст, хомоген слој.
Примена:
Заштита на машински делови од корозија
Куќишта за машини, алати и опрема
Индустриски панели и столбови
Бандажи (фелни)
Рамки, носачи, делови од шасија
Издувни системи, решетки, држачи на батерии
Метални конструкции, решетки, огради, капии
Фасадни панели, алуминиумски профили и столарија
Врати, прозорци, скалила, кровни конструкции