ЦНЦ ПРОБИВАЊЕ

   ЦНЦ пробивање (CNC punching) е прецизен процес ЗА механичка обработка НА МЕТАЛИ, која користи нумерички контролирана  машина за сечење, дупчење, и обликување метални плочи со висока прецизност. Оваа техника е клучна за економична изработка на делови со сложени дизајни во високи серии и е широко применета во различни индустрии.

  • Како функционира процесот?

    • Се користи CAD/CAM софтвер за дизајнирање на деловите, со кој се генерира G-код кој ги дефинира димензиите и формите на предметот што треба да се изработи.

     

    • Програмот се внесува во ЦНЦ машината.

     

    •      Mеталната плоча се поставува на работната маса и се фиксира за да остане стабилна за време на обработката.

     

    • ЦНЦ машината користи механизам со удар и соодветни алатки - панч и матрица (punch and die) за да го обликува материјалот.
  • Примена на ЦНЦ пробивањето:

    • Автомобилска индустрија:

    Производство на панели, држачи и други делови.

     

    • Електронска индустрија:

    Изработка на куќишта за уреди, плочки и компоненти.

     

    • Градежна индустрија:

    Метални делови за фасади, кровни системи и структури.

     

    • Апарати за домаќинството:

    Компоненти за фрижидери, машини за перење,  печки и т.н.

     

    • Машинска индустрија:

    Разни делови за машини и опрема.

Предности на ЦНЦ пробивањето:

ПРЕЦИЗНОСТ

 Обезбедува висока точност (+-0.03 мм.) со минимални толеранции, дури и кај комплексни форми.

ЕФИКАСНОСТ

Брзо производство на голем број делови, што го прави идеален процес за масовно производство.

ФЛЕКСИБИЛНОСТ

 Обработка на различни материјали, вклучувајќи челик, алуминиум, бакар, нерѓосувачки челик и т.н.

МУЛТИФУНКЦИОНАЛНОСТ

Можат да  се комбинираат различни операции, елиминирајќи ја потребата за дополнителни постапки.

by Termostil team