Ласерското заварување е напредна техника на заварување при која како извор на топлина се користи ласерски зрак. Овој процес овозможува брзо заварување со одлична пенетрација на различни метали и легури, особено таму каде е потребна висока точност со одличен визуелен изглед на заварот без деформации и на метали каде традиционалните методи на заварување не се доволно ефикасни

Како функционира процесот?

      Ласерскиот генератор создава зрак со висока енергија која се фокусира на мала површина на материјалот кој се заварува.Тој предизвикува интензивно локално загревање,при што материјалот се загрева до потребната температура. Кога зракот ќе се отстрани, стопениот материјал се зацврстува во заштитна атмосфера од некој инертен гас и формира цврст заварен спој.

Примена на ласерското заварување:

  • Заварување на сите видови метали
  • Заварување на несродни материјали
  • Автомобилска индустрија
  • Изработка на медицински помагала

Предности на ласерското заварување

  • Висока прецизност - идеално за заварување предмети со мала дебелина
  • Голема брзина на заварување
  • Мал термички ефект
  • Минимална деформација
2314 Блатец, Виница Македонија тел. +389 71 331 066 e-mail: termostil@t.mk
ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПРОЦЕСИ
ЦНЦ ласерско сечење Производство на монтажни системи за соларни панели
ЦНЦ пробивање Плазма сечење на метали
ЦНЦ виткање ЦО2 ласер
Електростатско прашкасто фарбање
Ласерско заварување Инсталирање на сврзувачки елементи
Ласерско гравирање Полирање на иноксни и алуминиумски делови
by Termostil team