ГИ ПРАВИМЕ РАБОТИТЕ ПОЕДНОСТАВНИ И ПОДОБРИ

И СОЗДАВАМЕ ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

Ние во Термостил создаваме решенија што ја подржуваат модерната индустрија повеќе од две децении. Нашата фабрика, лоцирана во близина на Виница, е опремена со напредна технологија и обучен тим кој секој ден произведува метални компоненти и конструкции со врвен квалитет. Ние сме тука да одговориме на вашите специфични барања - брзо, ефикасно и по највисоки стандарди. Без разлика дали сте дел од телекомуникациска, авто, енергетска или некоја друга индустрија - нашето производство е флексибилно и подготвено за вашиот предизвик. Со Термостил, добивате партнер кој ги разбира потребите на индустријата и испорачува резултати.
 Ние ги претвараме вашите идеи од технички цртеж до финален производ, подготвен за сериска изработка. Нудиме решенија што го прават производството побрзо, поекономично и поквалитетно. Работиме директно според вашата техничка документација, или пак ви помагаме да го развиете целиот концепт. Без разлика дали имате прецизен дизајн или само идеја, ви нудиме флексибилност и техничка експертиза. • Изработуваме прототипи • Подготвуваме сериско производство • Испорачуваме висококвалитетни резултатати Нашата цел е јасна - да добиете производ кој ги надминува вашите очекувања - со брзина, прецизност и целосна поддршка.
Високотехнолошка прецизност во секој процес Во Термостил располагаме со најсовремена опрема за: • ласерско сечење и заварување • ЦНЦ пробивање и виткање • ласерско гравирање • електростатско прашкасто фарбање • обработка на алуминиумски профили Сите процеси се интегрирани во нашата фабрика, нудејќи едношалтерски систем (one-stopshop) за производство на машински делови - од идеја до финален производ. Со 20+ години искуство, изградивме силна репутација на македонскиот и европскиот пазар, што ни овозможува постојан раст.
 Термостил е специјализирана компанија за производство на високо - прецизни делови од: алуминиум нерѓосувачки челик - инокс челик месинг, бакар и слично ... Со дебелини од 0.2 до 30 мм, во високи серии.
Нашиот висококвалификуван тим од инженери, дизајнери, техничари и контролори, може да ги произведе најсофистицирани делови за индустријата за антени за мобилната телефонија, автоиндустријата, индустријата за фотоволтаични панели и.т.н.
Ова е овозможено со нашите најсовремени машини кои се наменети за повеќе техники на изработка Ласерско сечење на метални табли Ласерско сечење на метални цевки ЦНЦ пробивање ЦНЦ Виткање Електростатско прашкасто фарбање Ласерско гравирање Ласерско заварување Сечење на метални плочи со плазма катер Производство на монтажни системи за соларни панели ЦО2 ласер Полирање Инсталирање на сврзувачки елементи
2314 Блатец, Виница Македонија тел. +389 71 331 066 e-mail: termostil@t.mk
ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПРОЦЕСИ
ЦНЦ ласерско сечење Производство на монтажни системи за соларни панели
ЦНЦ пробивање Плазма сечење на метали
ЦНЦ виткање ЦО2 ласер
Електростатско прашкасто фарбање
Ласерско заварување Инсталирање на сврзувачки елементи
Ласерско гравирање Полирање на иноксни и алуминиумски делови
by Termostil team