ЛАСЕРСКО СЕЧЕЊЕ
ЛАСЕРСКО СЕЧЕЊЕ
ТЕХНИЧКИ ПРЕДНОСТИ НА ФИБЕР ЛАСЕРСКОТО СЕЧЕЊЕ
Овој процес е идеален за индустрии каде се бара голема прецизност, ефикасност и конзистентен квалитет – од прототипови до масовно производство.
КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ НА ЛАСЕРСКОТО СЕЧЕЊЕ
ЕФИКАСНОСТ
Нашите фибер ласерски машини работат 24 часа на ден, овозможувајки кратко време за испорака по конкурентни цени.
КВАЛИТЕТ
ИСО9001 стандардот обезбедува контролиран квалитет како во производството на прототипови, така и во високите серии...
ИСКУСТВО
Нашето 20 + годишно искуство гарантира сигурен и постојан квалитет.
ЛАСЕРСКО СЕЧЕЊЕ НА ЛИМОВИ
Нашите фибер ласери постигнуваат толеранција од +-0.05 мм за сечење на Алуминиум, инокс, бакар, месинг, јаглероден челик и.т.н. со дебелина до 10 мм, и +-0.1 мм за материјали од јаглероден челик со дебелини поголеми од 10 мм.
Способноста за оптимизација на материјалот, оптимизирање на патеката на движење на главата за сечење, одредување на најкраткиот пат за одредена операција ... ласерското сечење го прави водечко за зголемување на ефикасноста, а со тоа овозможува и конкуретна цена на производството.
Ние обработуваме метали со димензии од 1500х3000 мм, и дебелина до 30 мм во зависност од типот на материјалот.
Нашите 4 ласери од 2 и 6 КВ обезбедуваат извонреден квалитет И ОДЛИЧНА ЛИНИЈА НА СЕЧЕЊЕ И во најголем број од случаите не е потребна дополнителна обработка.
ЛАСЕРСКО СЕЧЕЊЕ НА ЦЕВКИ И ПРОФИЛИ