Инсталирање на сврзувачки елементи - завртки и навртки и други сврзувачки елементи на лим или други метални површини без заварување.

- Што точно представува оваа техника?

Сврзувачките елементи се вметнуваат во отворот на металната плоча и со помош на хидрауличен притисок се извршува спојување на сврзниот елемент со металната плоча.При притисокот се прави одредена механичка деформација,што овозможува трајна врска на сврзниот елемент со металната плоча.

         Како функционира процесот?

  • Се прави точна и прецизна дупка во металната плоча
  • Сврзниот елемент се поставува во дупката
  • Со соодветна алатка и соодветен притисок се фиксира сврзниот елемент
  • Резултатот е цврсто и трајно прицврстување,спремно за навртување на навртка или завртка
 Предности: Брз и чист процес Погодно за тенки материјали каде заварувањето не е опција Траен и силен спој,особено за динамички оптеретени позиции Примена: Производство на куќишта и кутии за електрика и електроника Автомобилска индустрија Бела техника и апарати Машински конструкции со лимени компоненти и.т.н
2314 Блатец, Виница Македонија тел. +389 71 331 066 e-mail: termostil@t.mk
ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПРОЦЕСИ
ЦНЦ ласерско сечење Производство на монтажни системи за соларни панели
ЦНЦ пробивање Плазма сечење на метали
ЦНЦ виткање ЦО2 ласер
Електростатско прашкасто фарбање
Ласерско заварување Инсталирање на сврзувачки елементи
Ласерско гравирање Полирање на иноксни и алуминиумски делови
by Termostil team